Кукли од американските претседатели во продажба во САД/Фото: David Grossman / Alamy / Profimedia

ВИДЕО | Трамп објави видео креирано од вештачка интелигенција од апсење на Обама во Белата куќа

Во обид да ја дефокусира јавноста која бара одговори за педофилскиот скандал поврзан со бизнисменот Џефри Епстин кој почина кратко по апсењето во 2019 година и за вмешаноста на американскиот претседател во мрежата на педофилија и проституција, Доналд Трамп, се обиде да ја промени агендата и да промовира сценарио дека Обама и демократите фабрикувале докази во 2016 година за да го спречат изборот на Трамп.

Претседателот Трамп на својот профил на Трут Соушл објави видео на кое, меѓу другото, се гледа како Барак Обама е уапсен во Овалната соба на Белата куќа.

Секако дека е видео од програма за вештачка интелигенција, но гради цел наратив.

Апсењето го вршат агенти на ФБИ кои го собираат (наводно претседателот) Обама. Сето ова додека Трамп е во истата просторија и широко се смее.

Има продолжение: Обама, по апсењето, седи тажно во својата ќелија облечен во портокаловиот комбинезон на затвореник.

„Никој не е над законот“, е пораката во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот