Трамп и Путин во Алјаска

ВИДЕО | Трамп конечно најави дека ќе ја казни Русија по најголемиот напад врз Украина досега

Американскиот претседател Доналд Трамп денес во Белата куќа потврди дека е „подготвен за втората фаза од санкционирањето на Русија“ поради војната во Украина. Тој изрази растечко незадоволство од Москва во последните недели по средбата со Владимир Путин минатиот месец, но досега се воздржуваше од построги мерки.

 

„Подготвени сме да го зголемиме притисокот врз Русија, но сакаме нашите европски партнери да го следат примерот“, изјави претходно денес американскиот министер за финансии Скот Бесент, додавајќи: „трката сега е колку долго може да издржи украинската војска и колку долго може да издржи руската економија“, рече Бесент.

„Доколку САД и Европската Унија воведат дополнителни санкции, вклучително и секундарни тарифи за земјите што купуваат руска нафта, руската економија целосно ќе се сруши и тоа ќе го донесе претседателот Путин на преговарачката маса“, додаде тој.

Најголем воздушен напад досега

Минатиот месец, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе 50 проценти тарифи за Индија за купување руска нафта, меѓу највисоките што некогаш ги вовела на една земја.

За потсетување, Русија синоќа го изврши својот најголем воздушен напад врз Киев од почетокот на војната. Беа испукани околу 800 беспилотни летала и ракети, а за прв пат беше оштетена зградата на украинската влада, а во нападите беа убиени најмалку тројца цивили, вклучувајќи и двомесечно бебе. Повеќе од 40 лица беа повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот