Трамп исвиркан пред ресторан во Вашингтон/Фото: SAUL LOEB / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Трамп исвиркан во ресторан во Вашингтон: „Хитлер на нашето време“

Група демонстранти го исвиркуваа американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот, за време на неговото закажано пристигнување во ресторан во Вашингтон.

Извикувајќи слогани како „Слобода во Вашингтон, слобода во Палестина“ и „Трамп е Хитлер на нашето време“, пред и внатре во ресторанот, тие му се обратија на американскиот претседател, кој беше придружуван од членови на неговата влада.

Американскиот претседател им рече на новинарите што чекаа дека ќе даде целосна изјава во среда, но го изрази своето незадоволство од воздушниот напад на Израел врз Катар, во кој Израел се обиде да убие политички лидери на палестинската вооружена група Хамас.

„Не сум воодушевен од ова“, рече тој. „Не е добра ситуација, но ќе го кажам следново: Ги сакаме заложниците назад, но не сме воодушевени од начинот на кој се одвиваа работите денес“.

Тој додаде дека е „многу незадоволен од тоа, многу незадоволен од секој аспект“.

Пропалестински демонстранти го пречекаа Трамп пред ресторан во Вашингтон/Фото:SAUL LOEB / AFP / Profimedia

Како што се гледа во видеото подолу, по напуштањето на ресторанот во Вашингтон, американскиот претседател беше прашан од новинарите за нарушувањата на полскиот воздушен простор од страна на руски беспилотни летала рано утрово, но тој избегна да одговори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот