Фото: HNK Hajduk

ВИДЕО | Трајковски со гол во 98 минута му донесе важен бод на Хајдук Сплит

Во 29 коло од најсилното хрватско првенство фудбалерите на Хајдук Сплит и Локомотива ремизираа 1:1.

После првото полувреме водеа гостите со погодокот на Карачиќ во судиското надополнување (45+2`).

Домаќините успеаја да го избегнат поразот во самиот финиш од средбата поточно во 98 минута кога бод им донесе македонскиот репрезентативец Александар Трајковски по асистенцијата на Ливаја.

Ова е втор гол за Трајковски во 11 настап за Хајдук во хрватскиот шампионат. Нашиот напаѓач на дуелот против Локомотива настапи од 68 минута.

По овој бод Хајдук ги одржува шансите за титулата, моментно е на второто место со 55 бодови, еден помалку од водечката Риека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот