Фото: HNK Hajduk Split

ВИДЕО: Трајковски херој на Хајдук во дербито со Риека

Возбудлива завршница нè очекува во хрватското фудбалско првенство, откако Хајдук со победа од 2-1 над директниот конкурент Риека ја задржа шансата за освојување на шампионската титула. Во последното коло дури три екипи, Динамо Загреб, Риека и Хајдук ќе влезат со реални шанси да се искачат на врвот.

Сплитскиот клуб денеска славеше во дербито на „Полјуд“, отворајќи со гол од пенал на Марко Ливаја уште во 12. минута. Гостите од Риека успеаја да израмнат преку Чоп во 73. минута, но само четири минути подоцна, македонскиот интернационалец Александар Трајковски ја донесе победата на Хајдук со прекрасен удар со глава, само четири минути по неговото влегување во игра.

Херојската партија на Трајковски ги одржа надежите на Хајдук живи. Сплитскиот тим сега имаат 60 бодa, два помалку од водечките Динамо и Риека, и ќе се надеваат на нивни кикс во последното коло за да стигнат до титулата.

Во последната рунда, Хајдук ќе гостува кај Шибеник, Риека ќе го пречека Славен Белупо, а Динамо Загреб ќе игра дома против Вараждин. Сè уште ништо не е решено – последното коло ветува драма и неизвесност до самиот крај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот