ВИДЕО | Трајковска: Образованието треба да го слушне гласот на работодавачот, недостатокот од кадар да се надмине со нови образовни програми

Организацијата на работодавачи заедно со Синдикатите и со Владата го сочинуваат економско-социјалниот Совет. Во тој Совет се носат сите одлуки кои ги засегаат и работодавачите и и Владата и Синдикатите, односно вработените. Врел костен во раката има и Владата и работодавачите да се приклучат кон интересите на вработените. Постојано разговараме, преговараме, но на крајот мора сите да бидат задоволни, изјави во Утрински брифинг Владанка Трајковска, управител на „Раде Кончар“ и претседател на асоцијација на работодавачи.

-Сметам дека и тоа како премиерот Заев го интересира бизнис заедницата и како размислуваат луѓето кои директно го полнат буџетот на оваа држава.

-Секој кој е во бизнисот во одреден момент во време на пандемијата, размилуваше дали треба да застанеме и да покажеме многу поголема храброст и да продолжиме понатака. Работиме без престан од почетокот на пандемијата, ниту еден ден не застанавме, имавме добри резултати.

-Зум комуникацијата е новина за сите нас. Во прв момент ни створи сериозен отпор. Сметам дека таа треба што поскоро да заврши, не можеме да покажеме колку ние имаме интерес за некоја соработка, нов партнер и тој да може да ги види нашите размислувања, можности во работењето, вели Трајковска.

-Ако до скоро баравме нов кадар, немаше едуциран кадар, соодветен за производствените структури, сега се соочуваме постоечкиот кадар да го задржиме во напите компании. Интересот, отворените граници им дозволува луѓето да размислуваат час поскоро да ја напуштат државата. Работодавачите се соочуваат со сериозен проблем во овој момент. Има дисторизија во работењето, преземење на кадар помеѓу работодавачите, недоволно едуциран кадар што потекнува од средното, високото образование, додава Трајковска и вели дека еднаш засекогаш образованието треба да го слушне гласот на работодавачот, што на работодавачот во моментот му недостасува како кадар и да ја создаде програмата за потребите на работодавачот во корелација со истиот.

Целиот разговор со претседателката на Асоцијација на работодавачи, Владанка Трајковска, погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот