Панче Тошковски / фото: Сител

ВИДЕО: Тошковски призна – полицијата казнила недолжен граѓанин наместо братот на градоначалникот Стефковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека ќе има кривична одговорност за полицаецот кој дал наредба да не се казни братот на градоначалникот на Гази Баба за сторен сообраќаен прекршок. Наместо него, санкциониран бил друг граѓанин кој немал никаква поврзаност со инцидентот.

Скандалот го откри опозицискиот СДСМ, кој објави дека Далибор Стефковски – братот на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, возел со преголема брзина на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, но кога бил запрен од полицијата – не бил казнет. Како што рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, Стефковски веднаш се јавил на началник од МВР и наместо да биде казнет, бил ослободен.

– Беше утврдена фактичка состојба многу пострашна од онаа што беше објавена од СДСМ, односно се утврди дека конкретниот полициски службеник постапил спротивно на неговите законски овластувања и дозволил одредено лице да помине без соодветна казна што требало да му биде изречена. Тоа е првиот прекршок. Вториот прекршок којшто е уште пострашен, е тоа што недолжен граѓанин, кој не е поврзан со настанот, го навел во рамки на документацијата што се изготвува од страна на Министерството за внатрешни работи, со што сторил одредено кривично дело кое ќе биде процесурирано од страна на Министерството за внатрешни работи, изјави попладнево Тошковски за телевизија „Сител“.

Братот на градоначалникот на Гази Баба, кој возел со 88 километри на час на место на кое биле дозволени 50 километри на час, според министерот Тошковски, денеска сам се пријавил во полициската станица „Пролет“ и му е изречена прекршочна парична казна од 300 евра, а ќе се процесуира и забрана за управување со моторно возило.

– Овој случај МВР го расветли веднаш по информациите во јавно достапните гласила. Да упатам порака дека секој полициски службеник мора да постапува согласно закон и согласно стандардно-оперативни процедури. Никој нема никого да има шанса да го спаси од дисциплинска или друга одговорност, рече Тошковски.

ВИДЕО | Братот на градоначалникот на Гази Баба дивеел по улиците, го сопрела полиција но не го казнила, СДСМ објави видео

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот