ВИДЕО | Тензии, тепачка во Совет на Кочани, повредена вработена со шише во глава

Пред еден час на Советот на општина Кочани се случи голем инцидент во кој е повредена Ана Кралева, вработена во општина Кочани. Градоначалникот на општина Кочани Венко Крстевски за „Слободен печат“ вели дека инцидентот се развил зашто советниците најнапред меѓусебно се навредувале. Ова се случувало додека на дневен ред била точката да се воспостави меѓуопштинска соработка меѓу Кочани и Струмица за да обезбедат инспектори за заловување кучиња.  Во еден момент, шише со голема брзина заврши во главата на вработената во општината, по што таа се струполи на подот и советниците ѝ притрчаа на помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот