Пожари Фото: Икс

ВИДЕО | Тасос во пламен: Силен пожар го зафати грчкиот остров

На грчкиот остров Тасос, во областа Гликади во близина на Лименас, голем пожар избувна синоќа околу 23 часот и гори повеќе од шест часа. Освен Гликади, погодени се и областите Пахи и Рахони, јавуваат грчките медиуми.

Како што објави „Грик Инфо“, пожарот избувнал синоќа недалеку од пристаништето во Лименас. Велат дека се шири толку брзо што е видлив дури и од Кавала.

Според „Кавала Њуз“, пожарот зафатил голема шумска површина покриена претежно со борови дрвја, по кои е познат Тасос, и набрзо почнал да се шири кон Запад.

Изгореле многу маслинови дрвја и кошници со пчели, јавуваат грчките медиуми.

Станбените населби и објекти засега не се загрозени. Исклучок бил хотел во областа Паци, кој бил евакуиран како мерка на претпазливост. Еден од баровите на плажата Гликади бил целосно изгорен.

Многу туристи, вклучувајќи и Срби, паничеле, објавија грчките медиуми, и изјавиле дека многу од нив наскоро се упатиле кон пристаништето во Лименас, со цел што поскоро да ги напуштат своите сместувања и островот.

Првиот ферибот рано наутро од Лименас ла Лучи Керамоти испловил натоварен со патници, додека патот од Пахис до Лименас е затворен, а на возачите им се препорачува да одат по алтернативни рути бидејќи се формирале редици.

Алтернативна рута за возачите што се наоѓаат во Принос, Калирахи или Маријес е преку Лименарија – Потос – Потамија и Панагија, за да стигнат до Лименас.

Градоначалникот на Тасос бара да не се шири паника

Поради огромниот пожар на Тасос, се огласи и градоначалникот, Лефтерис Киријакидес, кој ги повика луѓето да не паничат.

„Ве молам престанете со публикациите што шират паника. Тие создаваат паника кај жителите и посетителите без никаков значаен резултат. Целиот Тасос е обединет на првата линија на битката. Потребна е мирна и координирана акција“, напиша тој на својот фејсбук-профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот