
ВИДЕО | Тајфунот Рагаса им се заканува на Филипините со ветрови од 250 км/час
Властите на Филипините и Тајван се во состојба на зголемена готовност поради супертајфунот Рагаса (Нандо) кој се движи кон континентална Кина, проследен со силни ветрови и обилни дождови, пренесе Би-би-си.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според националната метеоролошка служба на Филипините, се очекува моќната бура да ги погоди ретко населените острови Батанес во наредните часови. Тајфунот носи ветрови со брзина до 250 км/час.
MONSTER NANDO
Super Typhoon #Ragasa (#NandoPH) further intensifies sustaining winds of 215 km/h (10-min ave. winds) and gusts up to 265 km/h.
EXTREMELY DANGEROUS and LIFE-THREATENING conditions are expected on areas near the center of this storm. pic.twitter.com/zOGfyp3gHY
— Philippine Weather (@Phil_Weather) September 22, 2025
Филипинските власти наредија евакуација на ранливите подрачја во северниот дел од земјата. Училиштата и јавните служби ќе останат затворени денес во Манила и во 29 провинции низ целата земја.
Локалните власти „не треба да губат време“ во „преселување на семејства“ од ранливите подрачја, изјави министерот за внатрешни работи Џонвик Ремулија, додека експертите предупредуваат на ризикот од широко распространети поплави и лизгање на земјиштето во северниот дел на Лузон, најголемиот и најнаселен остров во земјата.
Властите во Тајван се исто така во состојба на готовност, каде што се очекува евакуација на приближно 300 жители во округот Хуалиен, во источниот дел од островот.