Повредени студенти во Нови Сад фото: ИКС

ВИДЕО| Студентите објавија фотографии од повредени колеги и граѓани по синоќешните судири со полицијата пред Филозофскиот факултет во Нови Сад

Студентите во блокадата на Природно-математичкиот факултет во Нови Сад објавија на социјалните мрежи застрашувачки фотографии од нивните колеги и граѓани кои беа повредени синоќа од припадници на полицијата и жандармеријата во судирите пред Филозофскиот факултет, пренесува Нова.рс

Граѓани, студенти и полиција во полна опрема за разбивање на демонстрациите се судрија синоќа пред Филозофскиот факултет во Нови Сад.

Платото пред факултетот  беше целосно окупирано од полицијата. Се пукаше со пиротехнички средства, се прскаше со бибер спреј и се туркаше влезот на универзитетот.

Полицијата, како што наведува Нова.рс демонстрирала  бруталност врз академиците кои се собраа пред факултетот за да му кажат на деканот Миливој Алановиќ, кој е веќе трет ден во зградата, дека блокадата сè уште трае, и дека бараат тој да  им дозволи да влезат во зградата, што тој го одбил.

Потоа полицијата почна да ја потиснува толпата, а беше употребен и бибер спреј. Во таа прилика беа повредени неколку студенти, професори и граѓани, а едно лице беше погодено во главата со пиротехнички средства, поради што го изгуби слухот, наведува Нова.рс.

Студентите во блокадата на Филозофскиот факултет во Нови Сад го обвинија деканот на тој факултет, Миливоје Алановиќ, дека е директно одговорен за конфликтот меѓу полицијата и студентите и граѓаните.

Деканот Алановиќ, кој не сакаше да ја повлече полицијата и да им дозволи на студентите да влезат во универзитетот, е директно одговорен за конфликтот меѓу студентите и граѓаните со полицијата, наведоа студентите во соопштение на социјалните мрежи.

„Звучни топови и солзавец кон студентите и колегите. Миливоје Алановиќ, дали е ова твојот дијалог? Имаш ли достоинство“, напишаа студентите, пренесува Нова.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот