Сејшели експлозија / Фото Твитер

ВИДЕО | Сто повредени во експлозија во магацин за експлозиви на Сејшелите

Вонредна состојба е прогласена на Сејшелите по експлозија во складиште за експлозиви и поплави предизвикани од обилните врнежи. Причината за експлозијата се уште не е позната. Според последните извештаи, повредени се околу 100 лица.

Како што пренесуваат медиумите, нанесена е голема штета на индустрискиот имот Провиденс и околните области на главниот остров Махе.

Официјалните претставници ги советуваа луѓето да останат дома, со исклучоци што се направени за работниците од основните служби и тие со закажани летови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот