Фото: Принтскрин/Инстаграм/ЕПА

ВИДЕО | Српска актерка шокираше со изјавата: Бред Пит ми се додворуваше додека беше во брак со Анџелина Џоли

Холивудскиот заводник Бред Пит зад себе има два брака, со актерките Џенифер Анистон и Анџелина Џоли, а во моментот ужива во врската со 29 години помладата Индес де Рамон. Сепак, никој не знаеше дека Бред ѝ се додворувал на српска актерка.

Дека не му било проблем да им се додворува на девојки дури и кога бил во брак со актерката Анџелина Џоли, откри Дајана Гудиќ. Станува збор за младата, убава актерка Дајана Гудиќ, која со години живее и работи во САД, а неодамна привлече огромно внимание со новиот филм „Импулс“.

Дајана во емисијата „Амиџи шоу“ требало да одговори на прашањето кој од српските актери ѝ е привлечен, но токму поради Бред Пит тоа не можела да го направи.

– Знаеш, не можам да одговорам на ова прашање, бидејќи секогаш кога некоја убава жена ќе каже кој ѝ е убав од познатите личности, тој ѝ се јавува на Инстаграм – изјавила Дајана, по што признала дека Бред Пит ѝ пишувал:

– Ме прашаа кој од познатите личности ми е убав, јас реков Бред Пит… Па ти сега извади од контекстот, но јас не одговорив на пораката, бидејќи тогаш имав момче, тој имаше сопруга – додала убавата Дајана.

 

@haloooooo907 #amigshow #ognjenamidzic #fypシ゚viral #fypage #dajana #estrada #viralvideo #fyppppppppppppppppppppppp #balkantiktok #viralvideos #balkanviral ♬ original sound – haloooooo907


Инаку, Дајана претходно се најде во српските медиуми кога се дозна дека се дружи со уште еден голем холивудски заводник, актерот Леонардо Дикаприо, а сега таа призна дека тој, сепак, никогаш не ѝ се додворувал.

– Кога првпат се запознавме… Што да ти кажам, не, не на тој начин. Тој ми даде комплимент, јас му дадов комплимент, но секогаш бевме пријатели, подобро се совпаѓаме како пријатели – рекла таа.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот