Невреме во форма на град / Фото: Facebook

Видео: Среде лето ангажирана зимската служба, во близина на Штутгарт падна град ко да е зима

Земјите од регионот ги зафати невреме со град, а во делови на Германија, напаѓаше толкав град што мораа да ја ангажираат зимската служба за расчистување на улиците.

На сликите кои доаѓаат од Ројтлинген, мало гратче во близина на Штутгарт, можете да се види слика што е вообичаена за јануари, а не за летниот период.

Имено, улиците побеле од големата количина град што падна во петокот попладне.

За кратко време паднаа повеќе од 30 сантиметри мраз, а поплавени се гаражи, подруми и станбени згради.

Според локалните медиуми, пожарникарите примиле над 120 повици и морале да ги ослободат граѓаните од автомобилите во кои биле заклучени, бидејќи не можеле да ги отворат вратите.

Биле ангажирани околу 250 работници и им биле потребни неколку часа да го исчистат целиот мраз од улиците по ненадејното невреме во југозападниот германски град.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот