EPA-EFE/MASSIMO PERCOSSI

ВИДЕО: Спектакуларен дочек за Мурињо во Рим

Трансферот на Жозе Мурињо во Рома сам по себе е „бомбастичен“, а каква е еуфоријата кај навивачите на „римската волчица“ денеска се виде кога Португалецот пристигна во Рим.
Дел на навивачите се собраа пред римскиот аеродром, а потоа и пред клупските простории каде Мурињо ги поздрави со клупскиот шал околу вратот.

– Воодушевен сум од првиот ден,. Кога го запознав сопственикот и Тијаго Пинто веднаш имав позитивни чувства, а тоа многу ми значи. Многу добро знам што значи Рома, ги знам навивачите, ја знам страста и доколку мислите дека проетот е „утре доаѓам и задутре ќе победиме“, тоа не е проект. Рома има проект чија намера е да остави наследство за наредните години. Се надевам дека ќе успееме во тоа додека сум тука. Бидејќи договорот е на три години, но можеби тоа ќе биде само прв договор, можеби еден ден ќе потпишам и втор – порача Мурињо.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот