Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

ВИДЕО | Спектакл за паметење: Атлетико и Барселона одиграа епски натпревар!

Барселона и Атлетико Мадрид вечерва го одиграа првиот натпревар од Купот на Шпанија и тоа беше вистински спектакл во кој видовме осум гола, а на крајот немаше победник (4:4).

Фуриозно започнаа гостите и по пет минути веќе имаа водство од 0:2. Прво Хулијан Алварез ја погоди мрежата на Барселона за 0:1 по 50 секунди игра, додека Гризман во петтата минута се погрижи за 0:2.

Барселона како да започна да игра по тие примени два гола, па со брзи два гола на Педри и Кубарси во 19. и 21. минута успеа да израмни на 2:2. Направија избраниците на Флик и пресврт до крајот на првиот гол и тоа со голот на Иниго Мартинез.

Со возбудлива игра и шанси на двете страни се продолжи и во второто полувреме. Левандовски на 15-тина минути се погрижи за 4:2, но и тој гол не го откажа Атлетико.  Љоренте во 83. минута намали на 4:3, а конечниот резултат го постави Сорлот во последните моменти од средбата.

Патникот во финалето од ова полуфинале ќе се решава на реваншот во Мадрид кој е закажан за 2 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот