Извлечени тела на загинатите во хеликоптерската несреќа во Иран / Фото Твитер

ВИДЕО | Спасувачките екипи ги извлекоа телата на жртвите во хеликоптерската несреќа во Иран

Спасувачките служби ги извлекле телата на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и на уште осум лица кои патувале со хеликоптер што се урна вчера во планините на северозападот на земјата, соопшти утринава Црвената полумесечина.

„Во тек е трансферот на телото на маченикот во Табриз, голем град на северозападот на Иран“, изјави шефот на Црвената полумесечина за државната телевизија, објавувајќи дека операцијата за пребарување е завршена.

Остатоците од хеликоптерот во кој се урна Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан беа пронајдени рано утринава по бурна потрага.

Смртта на Раиси ја потврди потпретседателот Мохсен Мансури во изјава објавена на социјалните мрежи и на телевизија.

Државната телевизија објави дека на снимките од местото на настанот се гледа како хеликоптерот удрил во врвот на планината, но нема официјални информации за причината за падот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот