Владимир Ристевски, Пиксел.мк/ Фото Слободен Печат/Методи Здравев

ВИДЕО | СП. поткаст: Дигиталниот маркетинг со Владимир Ристевски

Вечерва се емитува третата епизода од поткастот на „Слободен печат“. Наш денешен гостин е Владимир Ристевски, соосновач на Пиксел.мк, агенција која се занимава со различни услуги, вклучувајќи го и дигиталниот маркетинг, што е и главна тема на денешниот разговор.

Ристевски ни раскажува за почетоците на Пиксел, како постојано целат да даваат шанси на млади и амбициозни луѓе во сферата на дигиталниот маркетинг, како се развива оваа индустрија во Македонија и работата со странските компании.

Дигиталниот маркетинг бележи голем подем во последниве неколку децении, а социјалните мрежи имаат голема улога во тоа. Со Ристевски разговараме и за тоа како компаниите во Македонија ги користат социјалните мрежи во дигиталниот маркетинг, улогата на инфлуенсерите и контент креаторите и како можат тие да се подобрат во создавањето на содржините.

Целиот разговор може да го следите во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот