Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Снимен е потпалувачот на пожарот во Пинтија

На видеоснимка од безбедносна камера, што се појави во јавноста, се гледа како едно лице намерно го подметнува пожарот што утринава избувна во Пинтија.

Нов пожар рано утрово изби во скопската населба Пинтија.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека утрово пред 4.00 часот избил тежок пожар во сервис за возила над „Стаклара“ во местото наречено Каменик, во кој имало повеќе автомобили, масло за автомобили и други запаливи предмети.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, соопшти дека во објектот имало повеќе автомобили, масло и други запаливи материјали, што дополнително го зголемило ризикот од ширење на пожарот.

По дојавата, веднаш интервенирале екипи на скопската Противпожарна бригада. Со осум противпожарни возила, огнот бил ставен под контрола и целосно изгаснат по двочасовна борба со пламените јазици.

Пожар утрово во сервис за коли кај Пинтија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот