
ВИДЕО | „Смртта ми тропа на врата, нема да ве лажам“, вели актерот кој од 29-та година се бори со Паркинсонова
Мајкл Џ. Фокс, актер и ѕвезда на трилогијата „Back to the future“, повеќе од 30 години се бори со Паркинсоновата болест, а во последно време здравствената состојба му се влошила, па се движи со помош на инвалидска количка.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Актерот неодамна даде интервју за „Сандеј морнинг“ на „Си-би-ес“ и призна колку му е тешко.
„Да, смртта тропа на вратата. Нема да лажам. Станува тешко, станува сѐпотешко. Секој ден е сѐ потешко“, и раскажал тој на новинарката Џејн Поли.
Тој потоа открил дека бил подложен на операција за отстранување на бениген тумор на ‘рбетот, но процедурата го попречила неговото одење и скршил други делови од телото, вклучувајќи ја раката, лактот, коската на лицето и раката. Актерот објаснил и дека паѓањето е „големиот убиец“ во Паркинсоновата болест, а може да се појават и проблеми со џвакањето храна и пневмонија.
„Не се умира од Паркинсонова болест. Се умира со Паркинсонова болест. Затоа размислував за смртноста од оваа болест“, раскажал тој.
На Фокс споменатата болест му била дијагностицирана во 1991 година, кога имал само 29 години и бил еден од ретките луѓе во светот кој оваа болест го погодила на многу рана возраст. Актерот дури седум години ја криел својата дијагноза од јавноста, а најпосле, конечно објаснил зошто го направил тоа.
„Се плашев дека може да ми се смеат ако дознаат дека ја имам таа болест, таа состојба. Знаете, тоа беше навистина чудно време затоа седум години го чував за себе”, изјавил Фокс претходно за „Би-би-си“.
Актерот има голема поддршка од неговата сопруга Трејси Полан, со која се ожени во 1988 година и ги имаат близнаците Аквина и Шујлер, ќерката Есма и синот Сем.

Мајкл Џеј Фокс: По Паркинсоновата болест само едно успеа да ме дотолчи