
ВИДЕО | Словенечкиот претставник ги расплака сите во арената: На сцената на Евровизија 2025 се појави сопругата која боледувала од рак
Словенечкиот претставник на годинашната Евровизија 2025, Клемен, настапи на првата полуфинална вечер со песната „Колку време ни останува“ (How Much Time Do We Have Left?), посветена на неговата сопруга која била болна од рак. Клемен изведе емотивна балада на англиски јазик, а зборовите на истата ги расплака присутните во арената.
Препорачано
Имено, неговата сопруга, актерката Мојца Фатур која му се придружи на сцената, пред неколку години открила дека боледува од редок облик на рак, а по тешка и исцрпувачка борба, успеала да ја победи болеста.
Таа е силата и инспирацијата на Клемен којсо својот настап на Евровизија го прослави нејзиниот живот, нивната љубов, важноста на времето поминато заедно, но исто така ја истакнува и кршливоста на човечкиот живот.
Сепак и покрај емотивната изведба која не остана незабележана, Словенечкиот претставник не успеа да обезбеди пласман на финалната вечер на Евровизија 2025 која ќе се одржи во сабота на 17 мај.
Дел од текстот на песната „Колку време ни остана?“
Нашето момче
Тој лазеше во дневната соба
Ја прочитавте дијагнозата
Пишуваше дека наскоро ќе умреш
Беше сончев ден
Низ прозорецот видовме луѓе како одат по свои одделни патишта
Нашето дете имаше најголема насмевка
Додека не можевме да направиме ништо друго освен да плачеме
Колку време ни остана заедно
Никогаш не знаеме
Се што знам е дека не сакам да бидам тука
Без твојата љубов
Колку време ни остана заедно
Никогаш не знаеме…