Фото: Скриншот/ТикТок

ВИДЕО | Слатко пријателство: Златен ретривер повторно се сретна со неговата омилена крава

Една од причините поради кои не ги заслужуваме животните е нивната способност да се здружат со секого. Златниот ретривер Борис и неговата пријателка крава се уште еден доказ во низата дека невообичаените пријателства во „животинското царство“ се честа појава.

Имено, ова преслатко куче секојдневно го посетувало стадото крави на соседите, но еден ден тие не се појавиле. Како што поминувале деновите, кучето Борис тажно седел покрај оградата и ги чекал, но кравите не доаѓале. Сè до еден ден.

Кравите се вратиле, а Борис воодушевено истрчал од куќата. Штом стигнал до оградата, животните веднаш му пришле. Но, една од кравите особено му се израдувала и почнала да го „бакнува“. Зарем постои посимпатично пријателство од ова?

@lily_boris_darcy Every cow deserves a Boris ? #reunited #crying #pure #friendship #love #borisandcows #wholesome #emotional #viral #seniordog #fyp ♬ Turning Page (Instrumental) – Sleeping At Last

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот