Фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

ВИДЕО | Скандал во Дубаи: Рубљов го пцуеше судијата на руски, па беше дисквалификуван

Рускиот тенисер Андреј Рубљов беше дисквалификуван од полуфиналето на АТП турнирот во Дубаи.

Дисквалификацијата на Русинот дојде во финишот од третиот сет против Александар Бублик кога резултатот беше 1:1 во сетови и 6:5 за Рубљов.

Рубљов ги загуби нервите и изрече бројни навреди на руски јазик откако тенисерот имаше забелешки за една одлука на линискиот судија. Тенисерот му се внесе во лице на судијата и почна да му вика, додека линискиот судија кој очигледно знаел руски му сигнализираше на својот колега дека го навредува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот