фото: принтскрин/facebook/FK Jedinstvo Bijelo Polje

ВИДЕО: Скандал во црногорскиот фудбал, признат непостоечки гол на мечот Јединство – Дечиќ

Историски скандал беше виден во фудбалскиот шампионат на Црна Гора на натпреварот помеѓу Дечиќ и Јединство.

Мечот го одбележа контроверзна ситуација за која со денови ќе се зборува, во тоа нема дилема.

Се играше 40 минута од натпреварот кога во голот шутираше Ренато Аугусто, играчот на Дечиќ, а голманот на Јединство одбрани и добро ја остави топката во поле, далеку пред гол-линијата.

Но, така не мислеше и првиот судија, кој реши да го признае голот и со тоа ги шокираше играчите на Јединство.

Главниот арбитар со асистенција на помошникот сигнализираше дека се работи за гол и дека топката со целиот обем влезе во голот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!