Маршот за Палестина / Фото: Принтскрин

ВИДЕО | „Сите за Пaлестина“ одржа протестен марш за изразување солидарност со палестинскиот народ и осуда на геноцидот во Газа

Граѓанската иницијатива „Сите за Пaлестина“ денеска одржа протестен марш за, како што велат, солидарност со палестинскиот народ и осуда на геноцидот во Газа. Маршот започна во 12 часот напладне од споменикот „Симфонија на мирот“ спроти гимназија „Јосип Броз Тито“ и продолжи кон плоштадот „Слобода“, по што учесниците се упатија кон зградата на Владата, каде пред неколку стотици луѓе одржаа говори и побараа од Владата да ја признае палестинската држава.

„Настанот е дел од глобалното движење на солидарност и отпор против воените злосторства и опсадата на Газа, и има за цел да потсети дека злосторствата против човештвото не смеат да се игнорираат“, соопштуваат од иницијативата.

„Геноцидот не е историска лекција, туку е крвава реалност што не засега сите нас. Со своето недејствување. Нато и ЕУ секојдневно го одобруваат геноцидот. По две години и 60 илјади жртви и мртви деца, само неколку членки неодамна ја прекинаа трговијата со оружје со Израел или пак само симболично ја признаа Палестина во Обединетите Нации. Ова само докажува колку профитирањето од војна е поважно од човечките животи“, рече еден од говорниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот