фото: Принтскрин/Тик-ток

ВИДЕО | Сите сакат да ѝ ја допрат косата: Милена од Белград е атракција каде и да се појави

Кога ќе ја видат Милена од Белград, луѓето ја прашуваат дали може да ѝ ја допрат косата. Станува збор за 22-годишна девојка која стана популарна на созцијалната мрежа Tик-ток. Убавата Милена со својата бујна кадрава коса ги освои срцата на илјадници корисници на платформата.

 

@milenafro kovrdzavi ce razumeti ??#fypシ #foryoupage #kovrdzavakosa #kovrcavakosa ♬ Originalton – ex – YU speed ups


Профилот на Милена „миленафро“ оди подалеку од вообичаеното, бидејќи таа без напор ја покажува убавината на своите природни кадрици и често се шегува на сметка на својата коса, поради што нејзините следбеници уште повеќе да ја ценат.

Таа е дипломиран менаџер по хотелиерство и од забава почнала да снима за социјалните мрежи, без идеја дека косата ќе ѝ помогне стане толку популарна.

Милена вели дека на витканата коса најмногу ѝ е потребна хидратација:

– Често ги слушам девојчињата како велат „Косата ми е сува, бушава, ниту права ниту виткана“.  Само малку да посветат внимание, ќе видат колку може да им биде убава. Често велам дека косата ми е втора работа, бидејќи бара време и труд. Ми се допаѓаат коментарите на луѓето од типот: „Лесно ти е, само ја миеш косата и имаш фризура“, кои не гледаат колку е тоа многу повеќе од „само миење на косата“. Доброто кај кадриците е што тие не бараат често миење, јас на пример, ја мијам еднаш на 7-8 дена. Но, кога ја мијам, тоа е процес – вели Милена.

Милена ги советува своите следбеници никогаш да не користат крпа за сушење на косата:

– Друштво, ве молам, не користете крпа за сушење, туку земете памучна маица. Бидејќи крпите доведуваат до кршење на косата и ќе предизвикаат ефект на разлетување. Вишокот вода исушете го со маичка половина час, а потоа исушете ја косата со дифузер. Прво исушете ги корените, а потоа врвовите на косата – советува Милена.

Милена дури објави и смешно видео каде покажува како би изгледала доколку редовно ја чешла косата и зошто не се чешла витканата коса. Заедно со смешното видео, таа во описот напиша „Само кадравите ќе разберат“. На овој клип имаше неколку коментари, а најсмешните беа: „афро шубара“, „пудлица“, „личиш како тибетски мастиф“ и други.

 

@milenafro Replying to @marjan99pp ne daj Boze nikad vise?? #foryoupage #kovrdzavakosa ♬ original sound – a f r o

 

Милена имала вошки кога била многу млада, а тоа искуство, вели, ја ѝ оставило траума:

– Бев многу мала… На крајот мораа целосно да ми ја скратат косата, бев буквално како мало момче. До тој степен што сите баби во моето место мислеа дека сум момче. Знаете ли колку коса има на мојата глава, сето тоа не можете ни да го видите на видеото -вели таа.

Овој хумористичен спот Милена го заврши пеејќи ги репликите на познатата народна песна.

Милена стана извор на инспирација за многумина, особено за оние со виткана коса кои можеби се мачеле да ја прифатат својата природна коса или не знаеле како да ја одржуваат.

Нејзините видеа на Тик-ток не се само за рутини за нега на коса и совети за стилизирање; зрачат со позитивност и духовит карактер. Заразната енергија на Милена ги охрабрува нејзините следбеници да ја слават својата индивидуалност и да се чувствуваат горди на своите природни кадрици.

@milenafro kovrdzavi ce razumeti ??#fypシ #foryoupage #kovrdzavakosa #kovrcavakosa ♬ Originalton – ex – YU speed ups

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот