Сидни Свини и Машин Ган Кели / Фото: EPA

ВИДЕО | Сидни Свини продолжува со забавите: Започнува нова врска со Машин Ган Кели?

Познатата американска актерка Сидни Свини во саботата вечер беше фотографирана во Лас Вегас заедно со музичарот Машин Ган Кели. Двајцата видно уживале во меѓусебното друштво – размениле топла прегратка, по што продолжиле да разговараат, насмеани и опуштени.

Свини избрала кратка тексас сукња и едноставна бела маичка, додека Кели носел широки фармерки и црвена маица. Во неколку наврати биле забележани како се наведнуваат еден кон друг додека разговараат, што на многумина им оставило впечаток дека меѓу нив има поголема блискост.


Инаку, тие се запознале уште во 2021 година кога заедно глумеа во филмот „Падот на средношколците“ (Downfalls High), кој музичарот и го режираше.

Подоцна истата вечер, актерката беше видена и во друштво на актерот Патрик Шварценегер, познат по својата улога во третата сезона на серијата „Белиот лотос“ (White Lotus). Овој нејзин излез следи една недела откако беше поврзувана со колегата Брендон Скленар, со кого ја дели главната улога во филмот „Слугинката“ (Housemaid). Иако некои шпекулираа дека меѓу нив има нешто повеќе, блиски извори негираа и истакнаа дека се само добри пријатели.

„Сидни и Брендон се исклучително блиски, но нивната врска е пријателска. Таа моментално ужива во животот и се посветува на себеси“, изјавил извор за американски медиум.


Да потсетиме, актерката на почетокот на март ја откажа својата свршувачка со долгогодишниот партнер Џонатан Давино, со кого беше во врска од 2018 година. Иако официјално се разделиле уште во јануари, минатиот месец беа фотографирани заедно на ручек во Лос Анџелес, што упатува на тоа дека останале во добри односи.

Причината за раскинувањето, според блиски до актерката, не била недостаток на љубов, туку нејзината посветеност на кариерата и густата работна агенда.

„Не беше подготвена да се смири. Врската траеше толку долго затоа што не ѝ беше лесно да стави крај. Сега целосно сака да се фокусира на својата професионална иднина“, открил извор близок до двојката.

Свини и Давино се свршија во 2022 година, но својата врска најчесто ја држеа далеку од очите на јавноста. Гласините за раскинување се појавија во февруари, кога беше откриено дека венчавката е одложена, а подоцна и дека живеат одвоено.

ФОТО+ВИДЕО | По откажувањето на венчавката Сидни Свини оди на луди забави со Парис Хилтон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот