Доналд Трамп и Илон Маск повторно заедно / Фото: Икс

ВИДЕО | Што навистина си шепкаа Трамп и Маск на комеморацијата за Чарли Кирк

Американскиот претседател Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск се сретнаа на комеморацијата за Чарли Кирк вчера во Аризона, неколку месеци по нивната жестока јавна расправија.

Маск се ракуваше со Трамп во претседателската ложа, а двајцата разговараа кратко пред Трамп да му даде знак да се повлече, пишува Дејли Мејл.

Според читателката на усни Никола Хиклинг, Трамп му рекол на Маск: „Како си?“, а потоа додал: „Слушнав дека сакаш да разговараш“. Трамп предложил: „Ајде да се обидеме да откриеме како да се вратиме на вистинскиот пат“.

Потоа Маск кимнал со главата, а Трамп му ја стиснал раката и рекол: „Ми недостигаше“.

За потсетување, Маск се раздели со Трамп околу законот на Трамп за даноци и трошоци, кој Маск го нарече „апсолутно луд и деструктивен“. Расправијата, која се одвиваше главно на социјалните мрежи, доведе до тоа Маск да го обвини Трамп дека се наоѓа во „досиејата Епстин“, документи поврзани со осудениот Џефри Епстин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот