фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

ВИДЕО | Шпанија елиминирана од Евробаскет: Грција ја нокаутираше „фуријата“ по драмата во Лимасол

Најдобрите грчки кошаркари денеска ја победија Шпанија во петтото последно коло од Евробаскетот во Лимасол, Кипар, со резултат 90:86. Со оваа победа, Грција го обезбеди првото место во групата и ќе се сретне со Израел во осминафиналето.

Шпанија, актуелниот европски шампион, шокантно го заврши натпреварувањето уште во групната фаза со овој пораз. Грција завршува како првопласирана со учинок 4-1, исто како и Италија, но со послаб меѓусебен скор.

Босна и Херцеговина е трета со резултат 3-2, а Грузија и Шпанија имаат 2-3, но поради победата во меѓусебниот натпревар, тимот на Александар Џикиќ оди во нокаут-фазата.

Грција влезе во натпреварот многу подобро на крилата на расположените Дорси и Јанис Адетокумбо, брзо стекнувајќи двоцифрена предност. На полувреме беше „+15“, 50:35 и се чинеше дека нема враќање назад за Шпанците.

Сепак, Црвената Фурија не се предаде, постепено топејќи ја грчката предност и во 34 минута целосно го сврти и поведе со 73:72.

Следеше драматична завршница во која Шпанците можеа да го свртат резултатот во своја корист, но кога беше најпотребно не реализираа слободни фрлања кога беше најпотребно или вкупно 16 промашени слободни фрлања во текот на целиот меч (21/37) и на крајот поискусните Грци дојдоа до победата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!