Фото ЕПА

ВИДЕО | Шефот на ФЕД нова мета на руските шегобијци, се преправале дека се Зеленски

Претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел, неодамна разговарал со Володимир Зеленски, украинскиот претседател кој ја води борбата на неговата земја против руските напаѓачи. Или, барем така мислеше Пауел.

Блумберг“ објави дека Пауел верувал дека тој имал официјален разговор со Зеленски во јануари, но тој всушност бил мета на руските шегаџии, Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров, поддржувачи на рускиот претседател Владимир Путин.

На снимките од разговорот, широко распространети на интернетот, се гледа дека Пауел зборува за различни на теми, вклучително и инфлацијата и руската централна банка.

Во еден момент, шегобијците прашуваат: „Според вас, кои земји економски страдаа повеќе од неодамнешните политички ситуации?“

Пауел вели: „Па, би рекол дефинитивно не САД. Ние имаме своја енергија овде, така што навистина не сме ние. Знаете подобро од мене, но тоа ќе биде Полска и источноевропските земји кои се блиску до Украина“.

Тој додава: „Сите гледаме што се случува, луѓето како мене само сакаат да ве поддржат на кој било начин, но јас имам ограничени начини да го направам тоа во мојата професионална работа“.

Разговорот се насочува кон стапките на инфлација, шегаџиите прашуваат: „Намалувањето на инфлацијата е очигледно помало отколку што би сакале и ако почне да расте, дали ФЕД е подготвен повторно нагло да ги зголеми стапките?“

Пауел вели: „Да, секако. Ако треба повеќе да ги зголемиме нашите стапки, тогаш апсолутно ќе го направиме тоа. Ги зголемивме стапките многу остро, историски нагло минатата година, за да дојдеме до местото каде што сме сега“.

Банката на федерални резерви соопшти дека видеото, кое е емитувано на руската државна телевизија, се чини дека е монтирано. ФЕД не можеше да ја потврди неговата точност, објави „Блумберг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот