Фото: Plymouth FC

ВИДЕО | Сензација во ФА Купот: Последниот тим во Чемпионшип го елиминираше Ливерпул

Фудбалерите на Плимунт го приредија најголемото изненадување во досегашниот дел од ФА Купот откако денеска со 1:0 славеа победа и го елиминираа лидерот во Премиер лигата, Ливерпул.

Ливерпул иако настапи во комбиниран состав, сепак беше голем фаворит против последнопласираниот тим на табелата во Чемпоншип.

Но, на теренот избраниците на Арне Слот не доминираа и ретко создаваа прилики. Најопасни „црвените“ беа во завршницата кога создадоа две одлични шанси, но голманот на домашниот тим се истакна со фантастични интервенции.

Моментот на одлука беше во 53. Минута кога Харди беше реализатор на најстрога казна и така донесе голема победа за својот тим.

Плимунт во претходното коло исто така приреди изненадување со тоа што го елиминираше Брентфорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот