Во нападот на болницата во Тел Авив загина и мајката и други роднини на Настја Бурик/Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Седумгодишно украинско девојче кое се лекувало од леукемија во Израел загина во иранските напади

Цело украинско семејство беше уништено во текот на ноќта во саботата кога иранска ракета погоди станбен комплекс во крајбрежниот град Бат Јам, во близина на Тел Авив. Имињата на петте члена на семејството, кои емигрирале во Израел од медицински причини, беа објавени во средата.

Украинското семејство пристигнало во Израел во декември 2022 година во очаен обид да го спаси животот на нивната 7-годишна ќерка, Настја Бурик, која боледувала од акутна лимфобластна леукемија.

И покрај првичните надежи и делумниот одговор на третманите, болеста се вратила и се влошила, а неодамнешната трансплантација на коскена срцевина не успеала да го спречи нејзиното ширење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anastasiya Burik (@help.nastya.burik)

Настија беше убиена заедно со нејзината мајка, Марија Пескорова (30), нејзината баба, Лена Пескорова ( 60) и двајцата внуци на нејзината мајка – 9-годишниот Константин Тотвич, ученик во трето одделение, и 13-годишниот Иља Пескоров, ученик во седмо одделение. Децата оделе во училиште во Бат Јам и живееле со семејството, откако нивната баба ги донела во Израел за да им помогнат на нејзината ќерка и внука.

Таткото на Настија, Артем Бурик, служи во Ударната бригада на украинската армија и моментално е на фронтот против Русија. Сопругот на Лена, дедото на Настја, исто така не можел да патува во Израел поради војната во неговата земја.

Трагичниот инцидент се надополнува на веќе големите жртви од ракетниот напад врз Бат Јам, во кој беа убиени уште четири лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот