ВИДЕО| Се урна балкон, 15 лица паднаа на карпи

Девет лица се повредени, а двајца се во критична состојба.

Камерите го забележале моментот кога паднал балконот на куќа на плажа во Малибу, додека на него имало најмалку 10 лица кои присуствувале на роденденска забава.

Девет лица се повредени, а двајца се во критична состојба.

„Група луѓе беа на балконот и слушнавме како пука нешто и ги видовме моите најдобри пријатели и девојка како паѓаат од височина од 4,5 метри на карпите. Јас дури и не знам како се случи тоа”, рече еден од очевидците, пренесува Њујорк пост.

Сопственикот на куќата, која обично ја изнајмува, слушнал од соседите што се случило.Како што вели, во куќата имало околу 30 лица, иако им било дозволено 6. Таа изјавила дека нејзината куќа е „вандализирана“ освен што таа остана без балкон.

Пожарникарите соопштија дека за време на падот имало 15 лица на балконот и дека објектот сега не е погоден за живеење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот