Се скрши панорамско тркало во забавен парк во Саудиска Арабија/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Се скрши панорамско тркало во забавен парк во Саудиска Арабија, најмалку 23 лица се повредени

Шокантна несреќа се случила во забавен парк во Саудиска Арабија при што најмалку 23 лица се повредени. Несреќата се случила кога панорамско тркало во забавниот парк „Зелена планина“ во областа Хада во близина на Таиф, Саудиска Арабија, не функционирало соодветно, додека било преполно со луѓе.

Во видеата што беа објавени на социјалните мрежи денес, се гледа како посетителите на паркот се забавуваат на популарно панорамско тркало кога централниот столб се скршил на два дела.

Ова предизвикало неговото уривање со гласен шум додека патниците останале на него, што резултирало со сериозни повреди, пишува „Оказ“, популарен весник од Саудиска Арабија.

Според информациите добиени од весникот „Оказ“, неколку болници во Таиф прогласиле вонредна состојба и примиле повредени патници кои првично добиле прва помош на местото на несреќата пред да бидат префрлени на болничко лекување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!