Единствениот преживеан патник од индискиот авион/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Се појави нова снимка од преживеаниот патник од индискиот авион

Единствениот преживеан од летот на Ер Индија што се урна во Ахмедабад минатата недела е снимен како стои исправен и неповреден, покажува ново видео.

Вишвас Кумар Рамеш беше извлечен од остатоците откако излезе од скршената врата за итен излез веднаш до неговото седиште.

На видеото се гледа како 40-годишниот маж се оддалечува од местото на настанот, без сериозни повреди. Откако бил забележан од минувачи, тој бил однесен на безбедно место и на крајот во болница.

Рамеш, Индиец кој живее и работи во Велика Британија многу години, седеше на седиштето 11А, веднаш до вратите за итни излези над предните крила. Ова е структурно најиздржливиот дел од авионот и им дава на патниците најдобри шанси да го преживеат првичниот удар, објавува Телеграф.

Неговиот брат, Аџај, кој седеше во друг ред седишта, загина кога авионот се урна.

Вкупно, повеќе од 270 луѓе загина од авионот и на земја кога се урна врз медицински дом неколку секунди по полетувањето од меѓународниот аеродром во Ахмедабад.

ВИДЕО| Најмалку 133 лица загинаа во авионска несреќа при полетување во западна Индија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот