
ВИДЕО | СДСМ: Мицкоски пет дена никаде го нема, за него и Апасиев вонредните избори беа жежок шамар
„На вонредените локални избори, антиевропската коалиција на Мицкоски и Апасиев доживеа пораз, им се случи дебакл. Двојна победа на СДСМ и коалицијата во две општини каде што имаше избор за градоначалник и драстичен пад на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ е резултатот на овие избори. Пораката на граѓаните е жешка шлаканица за Мицкоски и Апасиев. Не сакаат граѓаните блокади, деструкции и лаги“, изјави на денешната прес-конференција Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.
Препорачано
„Сакаат напредок, поголеми плати, европски вредности и сигурна иднина. На првото изборно соочување Ковачевски го победи Мицкоски. Затоа и го нема Мицкоски да се јави пет дена, макар и на својот фејсбук-профил“, рече Костовски.
Тој додаде дека поразот на Мицкоски во Маврово-Ростуше е директен и уште поголем, бидејќи загуби кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, кој е член на Извршниот комитет на партијата. Тој член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ загуби од кандидатот на СДСМ и Коалицијата со разлика од 1.300 гласови. Костовски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ во општина Тетово, која има над 80.000 гласачи, освои помалку гласови од СДСМ и коалицијата во Центар Жупа.
„Ученикот Апасиев го надмина падот на професорот Мицкоски, во Тетово не освои ниту еден, повторувам ниту еден советник. Двојната победа на СДСМ и коалицијата предводена од Ковачевски покажа дека Мицкоски и Апсиев немаат поддршка од граѓаните. Сите анкети што ги нарачуваа и лажно ги пласираше ВМРО-ДПМНЕ се потврди сега дека се лажни и погрешни“, додаде Костовски.