
ВИДЕО | Сан Антонио по 18 порази конечно победи
Црната серија на Сан Антонио Спарс од 18 порази во низа конечно заврши откако изминатата вечер славеа над Лејкерс со 129:115.
Препорачано
Низата од 18 порази беше најдолгата во историјата на франшизата, а сега конечно заиграа на високо ниво и ги изненадија освојувачите на новиот НБА-куп. Одличен во победата беше Вембањанам кој запиша дабл-дабл од 13 поени и 15 скокови, меѓутоа најмногу се истакна Девин Васел кој стигна до личен рекорд постигнувајќи 36 поени.
Сега Сан Антонио е со скор од четири победи и 20 порази, па се уште е последен на Западната конференција и заостанува две победи зад Портланд и Мемфис.
Леброн натпреварот го заврши со дабл-дабл од 23 поени и 14 скокови. Треба да се каже и дека Лејкерси беа без Дејвис, Расел и Редиш.
На гостински терен Њујорк го изненади Феникс победувајќи со 122:139. Неверојатен натпревар одигра Брансон кој постигна 50 поени. Дурант за Феникс уфрли 29. Домашниот тм беше без Бредли Бил кој се повреди по пет минути игра и не се врати на паркетот.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Њу Орлеанс 107-112, Филаделфија – Детроит 124-92, Вашинтон – Индијана 137-123, Бостон – Орландо 128-111, Сан Антонио – ЛА Лејкерс 129-115, Торонто – Атланта 104-125, Мемфис – Хјустон 96-103, Феникс – Њујорк 122-139.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
38мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5