ВИДЕО: Самохрана мајка моли за помош: Некој и го украл тракторот со кој заработува да си ги нарани децата

Кристина Бошкоска од прилепското село Небрегово во очај бара помош од корисниците на социјалните мрежи бидејќи и покрај тоа што пред десет дена пријавила дека некој и го украл тракторот и приколката се уште не може ги пронајде.

„Јас сум Кристина Бошкоска од село Небрегово, прилепска општина Долнени. Јас сум самохрана мајка со три малолетни деца. Ве замолувам да ми помогнете. Со овој трактор, што го возам, ми го украдоа сосе приколка“ напиша мајката.

„Јас работам со овој трактор за да ги одгледам трите деца кои што останаа без татко. Повторно ве замолувам ако имате какви било информации да ме контактирате на 070 913 614“ стои во објавата на Бошкоста споделена во Фејсбук групата земјоделие.мк.

Случајот го потврди и полицијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот