
ВИДЕО | „Само во Македонија: Пенал каков што не сте виделе, ВАР го потврди“ – пеналот за Вардар тема и во регионот
Eкипата на Вардар викендов славеше победа од 3-1 против Работнички, но по овој натпревар има реакции за арбитражаната на судиите.
Препорачано
Најмногу внимание привлекува пеналот кој го добија „црвено-црните“ во 41. минута кога беше досудена игра со рака.
Пеналот кој предизвика бурни реакции го потврди и ВАР, а денеска на оваа тема се огласи и „Спорт клуб“ со текст под наслов: „Само во Македонија: Пенал каков што не сте виделе, ВАР го потврди“.
„Кога не оди, тука е судијата да поттурне. Ниту ВАР технологијата не е проблем, важно е кој седи во собата, барем во македонскиот фудбал. Ситуацијата која се случи во шеснаесетникот е за пререскажување. Во 41. минута домашен играч центрираше, топката погоди противник речиси во градите, а играчите на Вардар побараа пенал. И го добија, судијата покажа на белата точка“, стои во текстот.
И ФФМ вика ВАР има и замисли се потврдува дека е пенал 😂😂😂
Абе ни 50 гледачи нема на трибини да имате, укинете фудбалот ебаве кретените https://t.co/POZxYAf7Qe pic.twitter.com/TU5XfPAbk7— X (@VibeMysterio) September 21, 2025
Преземено од: Спорт.ком.мк