Торнадо / Фото ROBERT COHEN / POLARIS / PROFIMEDIA

ВИДЕО: САД погодени од 19 торнада, силното невреме направи огромна штета

Силно невреме од најмалку 19 торнада доцна синоќа погоди пет сојузни држави во централниот дел на САД и предизвика големи штети.

Најмалку два смртни случаи се потврдени – едно лице загина, а неколку се повредени во Моне, Арканзас, откако торнадо погоди дом за стари лица, изјави судијата на округот Крегхед, Марвин Деј.

– Сите се извадени од домот за стари лица и се заштитени, изјави градоначалникот Боб Бланкеншип за Си-Ен-Ен.

Осум милји подалеку во градот Личвил, уште едно лице загинало, изјави за Си-Ен-Ен шерифот на округот Мисисипи, Дејл Кук.

Повикувајќи се на информации добиени од локалните власти, Ројтерс претходно објави дека 10 жители на домот во градот Моне, во Арканзас, останале заробени во оштетената зграда.

Американските медиуми наведуваат дека екипите на брзата помош интервенирале и во јужниот дел на Илиноис, бидејќи имало повредени откако бил урнат покривот на магацинот на Амазон.

Торнадото оштетило и објекти во блискиот град Труман.

Торнада се забележани во Арканзас, Мисури, Тенеси, Кентаки и Илиноис, се вели во соопштението на Центарот за предвидување бури на Националната управа за океани и атмосфера.

Повеќе од 55 милиони луѓе ширум САД во петокот беа во опасност од невреме, а најмалку 157.000 потрошувачи останаа без струја во овие шест држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!