ВИДЕО: САД го ослободи и ќе го депортира косовскиот сајбер терорист Ардит Феризи заради пандемијата, мора да оди и во карантин

Сајбер терористот со косовско потекло кој на ИСИС предаде доверливи информации за 1351 припадник на американската Армија ќе биде ослободен и депортиран во Косово.

Окружниот судија Леони М. Бринкема во Александрија, државата Вирџинија во САД ја потпиша наредбата за намалување на казната на Ардит Феризи на издржана според која осудениот терорист доби сочувствително ослободување заради коронавирусната пандемија.

Пред да ја донесе оваа одлука судот на Александија од Соединетите Американски Држави ја прифати жалбата дека 24-годишниот Ардит Феризи боледува од астма и постои ризик да се зарази од коронавирус.

Феризи во рачно напишана молба побара од федералниот судија во Александрија да го ослободи од затвор. Тој рече дека неговата астма и дебелината го изложуваат на поголем ризик од заразување со ковид-19.

Како дополнителна причина за неговото ослободување и депортација Феризи ја наведе и затворската контрола.

Тој бил обврзан на секои два часа да има физички контакт со затворските чувари.

Од таа причина терористот кој во 2016 беше осуден на 20 години затвор, пред депортацијата ќе биде изолиран во 14-дневен карантин.

Ардит Феризи беше уапсен во Малезија и е првиот осуденик за компјутерско хакирање и тероризам во САД.

Феризи хакирал приватни фирми и извлекол имиња, лозинки од е-маил адреси и телефонски броеви на повеќе од 1.300 лица чии мејлови имаат наставка „.gov“ и „.mi“.

ИСИС – ДАЕШ ги објави нивните имиња и им упати закана дека ќе бидат нападнати.

Обвинителите побараа максимална затворска казна од 25 години, но бранителите тврдеа дека Феризи не направил вистинска штета и за време на судењето побараа казна од 6 години затвор.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!