
ВИДЕО| Руското нафтено пристаниште Приморск за прв пат беше нападнато со беспилотни летала
Во денешниот напад со беспилотни летала врз северозападното руско пристаниште Приморск, недалеку од Санкт Петербург, беа запалени брод и пумпна станица, изјави регионалниот гувернер.
Препорачано
Ова е првиот пријавен напад со беспилотни летала врз еден од најголемите терминали за извоз на нафта и гориво во земјата.
Од почетокот на август, Украина ги засили нападите врз руската енергетска инфраструктура, вклучувајќи ги рафинериите и нафтоводите, додека мировните преговори остануваат во застој.
Други пристаништа, вклучувајќи ги блиските Уст-Луга и Новоросијск на Црното Море, беа постојано цел на напади во последните месеци.
🇺🇦💥🇷🇺Massive enemy attack on the Leningrad region: fire on a tanker and pumping station in Primorsk
▪️"Open fire on the vessel in the port of Primorsk has been extinguished. There is no threat of flooding or oil product spills. The fire at the pumping station has also been put… pic.twitter.com/2mseKIeoBx
— Zlatti71 (@Zlatti_71) September 12, 2025
Русија го ревидираше својот план за извоз на сурова нафта од западните пристаништа за септември на 2,1 милиони барели дневно (bpd), што е зголемување од 11 проценти во однос на првичниот распоред, бидејќи нападите со беспилотни летала врз домашните рафинерии ја намалија локалната побарувачка за сурова нафта.
Гувернерот Александар Дрозденко изјави дека пожарот на бродот во Приморско, кој не го идентификуваше, е изгаснат и дека нема ризик од истурање на нафта.
Повеќе од 30 беспилотни летала се уништени над регионот, додаде тој во објава на Телеграм, без да ја спомене војната во Украина.
Приморск се наоѓа на Финскиот Залив во близина на Санкт Петербург. Руската агенција за воздушен транспорт „Росавијација“ соопшти дека аеродромот Пулково во Санкт Петербург ги прекинал операциите неколку часа во петок наутро.
Руската војска соопшти дека нејзините системи за воздушна одбрана пресретнале и уништиле 221 украински беспилотни летала во текот на ноќта, вклучувајќи девет над Московскиот регион.
Портпаролот на украинскиот Генералштаб првично соопшти дека војската Украина нема непосредни информации за нападите.