
ВИДЕО | Руските трупи ја зазедоа Суџа, украинските сили се повлекуваат
Руските војници ја вратија контролата врз градот Суџа, како и врз селата Меловој и Подол во областа Курск во Руската Федерација, соопшти Министерството за одбрана.
Препорачано
Суџа беше најголемата населба што украинските вооружени сили успеаја да ја освојат како резултат на инвазијата на регионот Курск во август минатата година. Тие го користеа градот како главен логистички центар преку кој Киев ги снабдуваше своите единици во сите блиски села и градови, пренесува РИА Новости.

Кон крајот на минатата недела, руската армија започна голема офанзива во областа Курск и за неколку дена ги ослободи населбите, вклучувајќи ги Стараја Сорочина, Малаја Локња, Черкаско Поречено, Мартиновка, Михајловка и други.
Ден претходно на централниот плоштад во Суџа во близина на зградата на локалната власт беше подигнато руско знаме.
Телеграм каналот „Северен ветер“ на руската воена група „Север“ забележува дека преживеаните војници на вооружените сили на Украина продолжуваат да пружаат жесток отпор.
– Руските вооружени сили ги протераа украинските вооружени сили од селото Подол и населбата Меловој во Курската област. Во борбите за селото Меловој се уништени неколку непријателски групи, се наведува во соопштението – пренесува Газета.ру.
Руските медиуми објавија дека командата на вооружените сили на Украина почнала да ги повлекува војниците од Суџа и дека мали групи украински војници се обидуваат да се „инфилтрираат“ назад во градот.
Russia: The Russian fascists have retaken control of downtown Sudzha in Kursk region. The major offensive began immediately after the US administration cut off Ukraine from US intelligence, leaving Ukrainians effectively blind. pic.twitter.com/Z8AMNyzHWX
— Igor Sushko (@igorsushko) March 12, 2025
Претходно, украинските војници кои побегнаа од Суџа им оставија порака на руските војници „да научат да се борат“, а снимката беше пренесена на телеграм каналот „Воени дописници на руската пролет“.
„Руси, научете да се борите“, напишале украинските војници, а пораката најверојатно била снимена пред зградата на градската управа“, пишува Газета.ру.
Новинската агенција ТАСС, повикувајќи се на извор, објави дека во Суџа имало неколку илјади војници на вооружените сили на Украина.
Според истиот извор, некои украински војници се обидуваат да побегнат кон границата со Сумиската област, но сите патишта во оваа насока се под контрола на руската армија.
The incredible story of Russias “Operation Flow”
A hugely successful and audacious special forces operation where hundreds of troops crept 16 kms through a Gas pipeline to emerge at the rear of Ukrainain defences in Sudzha Kursk.
“The enemy met us in slippers and shorts” pic.twitter.com/GjpW1Pny3O
— Chay Bowes (@BowesChay) March 11, 2025
Извор на РИА Новости изјави дека руските војници, кои влегле во задните линии на вооружените сили на Украина преку гасовод, ископале ров долг 500 метри за да стигнат до цевката што води до мерната станица за гас во Суџа.
Ровот го ископале војниците од 30-от моторизиран полк и 72-та дивизија, а објавено е и видео како ја снимаат оваа акција.
Претходно, руските безбедносни сили соопштија дека практично нема патишта за бегство на Вооружените сили на Украина од Суџа.