Фото: Твитер

ВИДЕО: Руски ракети ја погодија централна Украина, завршија во станбена зграда

Руските сили денеска го гранатираа градот Кременчук, централна Украина, на годишнината од нападот врз трговскиот центар во тој град.

Гувернерот на областа Полтава, Дмитро Луњин, изјави дека иако била погодена станбена зграда, нема жртви.

Непријателот го нападна регионот Полтава. Исто како пред една година денес, со ракетите Кс-22, напиша тој на својот профил на Телеграм.

Најмалку 22 лица беа убиени во трговскиот центар Амстор за време на руски ракетен напад врз Кременчук пред точно една година. Русија редовно извршува воздушни напади врз Украина од крајот на февруари 2022 година. Во Кременчук се наоѓа Украинската рафинерија за нафта, која од почетокот на војната во Украина е гранатирана неколку пати.

Советникот на претседателот на Украина, Мјахил Подољак го опиша денешниот напад како обид да се привлече вниманието на руската јавност по прекинатиот бунт на шефот на руската приватна воена формација „Вагнер“, Евгениј Пригожин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот