Руски хеликоптер во Луганск / Фото: Скриншот/Твитер

ВИДЕО: Руски хеликоптер во Украина соборен со британски ракети

Британскиот јавен сервис Би-Би-Си денеска објави видео, за кое тврди дека е верификувано, на кое, според Би-би-си, „изгледа“ се прикажани украинските сили како го користат брзиот проектил „Старстрик“ за соборување на руски хеликоптер МИ-28 во областа Луганск во источна Украина.

Британскиот министер за одбрана Бен Валас во март потврди дека Велика Британија и испорачала на Украина противвоздушни ракети.

Британското Министерство за одбрана одби да го коментира видеото, додава Би-Би-Си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот