
ВИДЕО | Руски дрон удри во станбена зграда во Источна Полска, нема повредени
Руски дрон денес удри станбена зграда во Вирики во Источна Полска, но никој не е повреден, објави приватната телевизиска станица Полсат њуз, повикувајќи се на информации од локалната полиција.
Препорачано
Полскиот претседател Карол Навроцки изјави дека наскоро ќе одржи брифинг во Бирото за национална безбедност (BBN), на кој ќе присуствува и премиерот Доналд Туск, откако руски беспилотни летала го нарушија полскиот воздушен простор на пат кон Украина утрово.
Тој рече дека веќе присуствувал на состанок во Оперативната команда на вооружените сили, нагласувајќи дека безбедноста на земјата е врвен приоритет, објави полскиот Пап.
Во исто време, полската полиција објави дека пронашла остатоци од еден од руските беспилотни летала во градот Чосновка, во близина на Лублин, каде што е во тек состанокот на кризниот штаб.
Главниот командант на полицијата издаде тревога за единици од гарнизоните Подласки, Лублин, Подкарпатски и Мазовски, објави Полициската управа на таа социјална мрежа.
Полските власти претходно утрово објавија дека руски беспилотни летала влегле во полскиот воздушен простор и дека полските воздухопловни сили употребиле оружје за да ги соборат.
UPDATE: Polish skies are now roaring with fighter jets as Russian drones violate NATO airspace.
This is what Trump’s weakness on Putin brought us, Europe scrambling to defend itself while MAGA still calls it “peace through strength.”
Poland didn’t get the memo. They got… pic.twitter.com/D02TDjmoXt
— Brian Allen (@allenanalysis) September 10, 2025
Полската војска објави дека влегувањето на беспилотни летала во воздушниот простор на земјата за време на рускиот напад врз Украина е „чин на агресија“ што ја загрозува јавната безбедност и бара уништување на згради, објавува Ројтерс.
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека Варшава го информирала генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за дејствијата што ги презела Полска против руските беспилотни летала и дека операцијата против беспилотни летала сè уште е во тек.