Фото: Твитер

ВИДЕО: Русите жестоко удрија по украинските инсталации за гас и нафта

Неколку огромни експлозии рано утрово го осветлиле небото јужно од украинскиот главен град Киев, каде луѓето се скриени во подруми, подземни гаражи и во градското метро, во очекување на уште пожестоки руски напади.

Во мугрите, оган се издигаше од нафтено депо во близина на воздушната база во Василково, каде ноќеска се водени интензивни борби, рече градоначалникот. На Твитер се појавија видеа од Василково, на кои се гледа големо уништување во градот.

Канцеларијата на претседателот Володимир Зеленски наведе дека уште една голема експлозија одекнала кај цивилниот аеродром Жулјани. Исто така, се навеува дека руските сили го кренале во воздух гасоводот во Харков, вториот по големина украински град, во кој ноќеска навлегле до самиот центар.

„Ќе се бориме колку што е потребно, сѐ додека не ја ослободиме земјата“, рече ово утринско обраќање претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Избезумени луѓе бараа место за засолниште во метрото во Киев, каде веќе речиси 48 часа е на сила полициски час, кој според властите треба да ги спречи луѓето да излегуваат на улиците.

На периферијата на украинската престолнина, помали руски единици се борат со локалната одбрана, во обид да го расчистат патот за главните сили. Сепак, според извори од Велика Британија и САД, руската војска во саботата навечер била на триесетина километри од центарот на Киев.

Повеќе од 150.000 Украинци досега пребегале во Полска, Молдавија и други соседни земји, а Обединетите нации предупредија дека бројот на бегалци може да достигне четири милиони, доколку руската инвазија продолжи со иста жестина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот