Руски напад врз Киев фото:. EPA-EFE/VADYM SARAKHAN

ВИДЕО: Русите жестоко го нападнаа Киев, има загинати и многу повредени

Ноќеска и утринава главниот град на Украина Киев се најде под жесток руски напад со беспилотни летала и ракети.

Првичните информации говорат дека има загинати и многу повредени

Откриено се околу 250 дронови и 14 балистички проектили, главно насочени кон главниот град.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека експлозиите одекнале низ целиот град.

– Воздушната одбрана е активна. Главниот град е нападнат од непријателски беспилотни летала, истакна Кличко.

Напади имаше и врз други региони на Украина.

Најмалку 13 лица се убиени, а десетици се повредени во руски напади со беспилотни летала и ракети низ Украина, соопштија регионалните власти и службите за итни случаи.

Државната служба за вонредни состојби соопшти дека меѓу загинатите има три деца во Житомир и еден маж на возраст од околу 70 години во јужниот град Николаев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот