(ВИДЕО) Русија фрли вакум бомба врз украински позиции! Во Курск употребено најмоќното оружје по нуклеарното

Русија објави дека употребила термобарична бомба против украинските сили. Ова беше кажано за време на најавата за „антитерористичката“ операција, која е одговор на упадот на Украина во Курск, пишува „Sky News“.

Според руското Министерство за одбрана, борбите продолжуваат во западниот регион Курск. Руската војска изврши воздушни напади врз украинските сили, а во овие напади се користеле термобарични бомби, познати и како вакум бомби, кои можат да ги „здробат“ човечките тела поради екстремниот притисок и температура при експлозијата.

Ова не е првпат Москва да користи термобарични бомби, бидејќи украинските власти тврдат дека тие биле користени во инвазијата само неколку недели откако започна во февруари 2022 година.

Користењето вакум бомби не е кршење на меѓународното право, но таргетирањето цивили со нив е.

Вакумските бомби, познати и како термобарични експлозиви, работат во две фази.

Првиот дел е експлозивно полнење кое го распрснува горивото во облак кој потоа може да влезе во зградите или околните структури.

Во втората фаза ослободува облак кој предизвикува огромна огнена топка и буквално го „цица“ кислородот од околните места предизвикувајќи застрашувачки ударен бран.

Ефектите од топлината и притисокот се ужасни – секој што ќе биде фатен во првата експлозија веднаш би бил запален.

Секој фатен во областа би претрпел тешки внатрешни повреди од ударниот бран.

– Тие првенствено убиваат создавајќи исклучително моќен ударен бран кој ги „кине“ органите и ги гори белите дробови велат експертите.

Според нив ударниот бран се шири во затворени простори, па затоа е особено смртоносен за луѓето во затворени места како подруми или пештери.

Тие создаваат и екстремно високи температури од неколку илјади степени и можат да предизвикаат страшни изгореници.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот