Вознемирувачко видео од смртта на двете девојчиња/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Русија: Две девојчиња загинаа во напуштена куќа, покривот падна врз нив

Две малолетнички во Русија трагично го завршија животот во страшна несреќа која се случи во напуштена куќа во селото Терпиличи во регионот Ленинград во Русија, кога беа згмечени од покривот на разурнатиот објект.

Според информациите од руските медиуми, двете малолетни девојчиња од непознати причини се обидувале да турнат ѕид во куќата кога се случила несреќата.

Видео објавено на социјалните мрежи ги прикажува двете девојки како се обидуваат да урнат ѕид удирајќи го со камења повеќе пати.

Во еден момент, ѕидот попушта, предизвикувајќи покривот да паѓа врз двете девојки по што тие починале на самото место.

По несреќата, локалните власти спроведуваат истрага за околностите под кои двете малолетнички влегле во објектот и зошто не биле преземени мерки за забрана за влез во напуштената куќа и означување на опасност од урнатините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот